Вчера во 19.00 часот на Граничниот премин-Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, при пасошка контрола, полициските службеници се посомневале дека лицето B.Р. (55) од Арачиново, скопско, користи туѓа патна исправа.
Поради тоа, биле извршени дополнителни проверки и преглед во нејзиниот личен багаж и била пронајдена лична карта од Косово на име С.Р.. После тоа, лицето било приведено и предадено за понатамошна постапка.