Охридската полиција поднесе кривична против лешанец референт во „Македонски шуми“.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В. (33) од село Лешани, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 23.02.2016 до 27.08.2017 година пријавениот, како референт за превоз во Јавното претпријатие „Македонски шуми”-ПШС „Галичица” Охрид, на транспортерите на огревно дрво од сечата на шума во сопственост на Македонската православна црква им овозможил да превезуваат поголема количина на дрвна маса од количината што била наведена во одобренијата за испорака. Во наведениот период биле испорачани 105 кубни метри огревно дрво повеќе од дозволената количина. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 231.913 денари на штета на МПЦ.
