Љубен и Богдан заедно со Борис излегуваат од „Шутка“

Љубен Арнаудов и Богдан Илиевски од Охрид заедно со Борис Дамовски излегуваат од притворот „Шутка“ и ќе бидат во домашен притвор.

Охридскиот пратеник од ВМРО ДПМНЕ Љубен Арнаудов и организаторите на протестите за „Заедничка Македонија“-охриѓанецот Богдан Илиевски и Борис Дамовски, излегуваат од „Шутка“.Скопска апелација ги прифатила нивните жалби и им ја преиначила мерката притвор во домашен притвор и истовремено одземање на пасошот.Таква одлука нема за останатите шестмина осомничени во истрагата за 27 април односно, скопска апелација ги потврдила мерките определни од Кривичниот суд.

Social profiles