МАИВО: Не смее импровизации во водење групи на планина

Недостигаат детали  за несреќата на Кајмакчалан.

Од извештајот на Федерацијата на планинарски спортови неможе да се види што точно се случило и неможе да се утврдат причините за смртта на двајцата млади македонски планинари.

Експертска група треба да направи дополнителна анализа и вештачење на постапките на настраданите, сметаат од  Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина

-„ Треба да се направи анализа на постапките на луѓето кои се настрадани. Некогаш несреќате може да биде од обејктивни причини некогаш од субјективни. Во извештајот ги неа тие детали. Тоа е извештај со хронологија на настани кои што се случиле и ништо не значат. “  , вели Антонио Додески секретар на МАИВО.

Не смее импровизации во водење групи на планина. Основно е да се ангажираат обучени и искусни водичи,  кои умеат да водат групи низ непристапните  и непредвидливи планински терени.

-„ Импровизација со квалитетот и безбедноста во вака сензитивни дејности може да го уништи имиџот на дестинацијата може да го уништи имџот на професијата и тоа да има повеќекратни лоши последици. Нашата организација никогаш не си поигрувала со професијата„така , вели Константин Циривири претседател на МАИВО (Макеоднската асоцијација на интернационални водичи во планина).

 -„Не е исто водење група во лето и во зима,  има огромна разлика. Водичот треба да  поседува лидерски особини,  да се грижи за цела група.. Да биде сигурен дека  учесниците во групата ја имаат потребната опрема“,  изјави Бил Бејли претседател на техничка комисија при УИМЛА (Меѓународната унија на интернационални водичи во планина).

Високи претставници на Меѓународната унија на интернационални водичи во планина деновиве вршеа мониторинг на зимска обука на Шар планина. Во Македонија има вкупно 140 лиценцирани интернационални водичи на планина, од нив само  40 ја обновиле лиценцата лани.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани