Две лица од Велешта нападнале лице во угостителски објект.
17.11.2024 година во 18.20 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, Б.Ж.(30) и Б.Ж.(32), двајцата од струшкото село Велешта, во угостителски објект во Струга, физички го нападнале А.Ф.(30) од истото село а потоа со дрвен и метален предмет, го оштетиле објектот. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.