Стружанец останал без нарачаната скапа столарија но и без пари.
Двајца изработувачи на столарија, вешто измамиле сограѓанин, му земале пари за изработка на врати и кујни а потоа ги снемало.Тие заработиле кривична пријава.Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, НККР Струга, до надлежното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против И.К.(58) и С.К.(38), двајцата од Струга.
Казненото дело, пријавените го сториле на штета на лицето Р.Н.(41) од кој добиле барање за вкупен износ од 353.730,оо денари да му изработат дрвена столарија, врати, кујни и други елементи. Откако ги добиле парите, сега пријавените не ја изготвиле нарачаната столарија и не му ги вратиле парите.Со извршувањето на казненото дело, двајцата пријавени се стекнале со против правна имотна корист од 353.730,00 денари, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
