Триесеттото издание на светски познатиот натпревар по меѓународно хуманитарно право, „Жан Пикте“, ќе се одржи во Охрид, во траење од една недела
. 144 студенти од 26 различни земји, поделени во екипи од по тројца учесници, ќе се натпреваруваат една недела, а потоа ќе се прогласи најдобриот тим по меѓународно право.
Натпреварот „Жан Пикте“ има за цел правото да излезе од рамките на учебниците и студентите да работат врз конкретни случаи на примена на хуманитарното право, коешто е навистина актуелно, со оглед на големиот број конфликти низ целиот свет.
Финалето на натпреварот ќе биде отворено за јавноста во петок, 30 март во 16:00 часот. Тимовите што ќе влезат во финалето ќе дебатираат на француски и на англиски јазик, а најдобриот тим ќе биде награден од реномираното жири со кое ќе претседава вториот заменик-претседател на Меѓународниот кривичен суд, господинот Марк Перен де Бришамбо.
Ги покануваме новинарите на официјалното отворање на натпреварот во присуство на амбасадорот на Франција, амбасадорката на Швајцарија и градоначалникот на Охрид. Прес-конференцијата ќе се одржи во сабота, на 24 март, во 18:30 часот во хотел „Метропол“.
Триесеттото издание на натпреварот „Жан Пикте“ е поддржано од Амбасадата на Франција, Меѓународната организација на Франкофонијата, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Швајцарското Министерство за надворешни работи и голем број организации.