Новогодишна честитка за поддршка на децата со ретки болести од дното на Охридското Езеро

Подводната елка и годинава во знак на поддршка на лицата со ретки болести.  На дното на Охридското Езеро ја поставија членовите на Клубот за подводни активности „Охрид“.

Новогодишна честитка за поддршка на децата со ретки болести од дното на Охридското Езеро

На еден редок и навистина уникатен начин, нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид“ ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка.

Упатија најубави желби за во новата 2022 година, сите заедно да влеземе со надеж за подобри денови.

– За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на и нови терапии, порачаа нуркачите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани