Разговорите од процесот „Жан Моне“ што од 15 до 17 март требаше да се одржат во Охрид се одложени.
Од организациски причини одложени се разговорите меѓу претставници на пратеничките групи од македонското Собрание, иницирани од тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан.Неодамна, Вајгл најави можност разговорите, познати и како процесот „Жан Моне“, да се одржат од 15 до 17 март во Охрид и на неа освен пратеници од Собранието и тројцата европратеници се најавуваше присуство и на еврокомесарот Јоханес Хан.Главни теми на разговорите биле Деловникот за работа на Собранието и етичкиот кодекс но и прашања кои би биле иницирани од пратеничките групи.