Охрид се претстави на Саемот за туризам во Белград

Богатото културно наследство и уникатните природни потецијали на Охрид како автентична туристичка дестинација се презентираат на 46. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од 20-ти до 23-ти февруари.
-Заедно со претставниците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ја претставивме нашата туристичка понуда, привлекувајќи големо внимание од туристички оператори, агенции, медиуми и посетители.
Чест ми е што остварив средба со Весна Видовиќ, заменик градоначалник на градот Белград, на која разговаравме за продлабочување на соработката во областа на туризмот и заедничките иницијативи за привлекување повеќе туристи. Исто така, остваривме средба и со амбасадорот на Република Македонија во Србија, Никола Тупанчески, кој го посети штандот на Општина Охрид.
Во рамки на програмата за туристичка промоција на Охрид, вчеравечер во познат белградски ресторан беше организирана „Охридска вечер“ на која имавме средби со голем број туристички работници од Србија и регионот, информираат од кабинетот на градоначалникот Кирил Пецаков.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани