Охридскиот градоначалник има интензивна агенда на саемот за туризам во Белград и беше гостин на програмата на РТС.
Во рамки на саемот за туризам што се одвива во Белград, градоначалникот Јован Стојаноски, оствари повеќе средби со туристички агенции, тур оператори како и со дел од српските медиуми, за кои даде интервјуа.Како дел од настапувањето на саемот за туризам што се одвива во Белград, градоначалникот Јован Стојаноски беше гостин во утринската емисија на РТС – „Жикина Шареница“ во која се говореше за овогодишната туристичка понуда на Охрид.



