Нивото на Охридското езеро повеќе од еден месец екстремно високо. Денешната кота ја надмина критичната точка.
Денешна кота изнесува 694,01 м.н.в., што е 26 см над максимално дозволената кота.
Поради зголемното испуштање на водата од Охридското Езеро преку реката Црн Дрим, како и поради усмерениот тек на дел од реката Сатеска, се очекуваше доста голем водостој на Црн Дрим низводно од истекот од Охридското Езеро, како и можни локални излевања на реката во Струшкото Поле и низводно кон акумулацијата Глобочица.
