Откриен нов случај на приредување игри на среќа во струшко

Струшката полиција откри нов случај на недозволено организирање на игри на среќа.

Нов случај на недозволено организирање на игри на среќа откри полицијата во Струга. Полицајците биле во акција заедно со инспектори на УЈП во селото Лабуништа а против организаторот на нелегалните игри на среќа поднесле кривична пријава.Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.М.(45) од село Бороец, струшко за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца од надлежен орган“.
-На 26-ти декември минатата година, од страна на полициски службеници и инспектори од Управата за јавни приходи, во село Лабуништа, при контрола во објект без фирма, пријавениот бил затекнат пријавениот како приредува игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Инаку, во струшко зачестени се појавите на диво организирање на игри на среќа за што деновиве полицијата поднесе пријава за таков случај во селото Делогожда.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани