Поларно ниска температура ноќеска во Охрид.
Температурата ноќеска во Охрид се спушти на минус осум степени Целзиусови, дуваше северен ветер со брзина од пет километри на час. Македонија во студена портокалова фаза-темпратурите длабоко под нула. Најстудено изутринава е во Берово, каде што се измерени – 18 степени, во Скопје-Петровец и Крива Паланка -15, а во Куманово, Маврово и Крушево -14 степени. Во Ѓуриште се измерени -13, во Лазарополе и Пожаране -12 а во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Виница -11 степени. Во Гевгелија се измерени -5 степени, минус седум во Битола, минус осум во Прилеп, Дебар, Претор, Охрид, Струмица, Демир Капија, и -10 во Штип.
УХМР информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.Во вечерните и ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во втората половина на ноќта на некои пониски места ќе поминуваат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд.Утре ќе биде облачно со врнежи кои уште во текот на претпладнето на повеќе места ќе поминуваат во дожд, а попладне ќе бидат од дожд насекаде низ земјава, но ќе слабеат по интензитет. За време на викендот ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка. Во сабота преку денот ќе биде главно суво, но во текот на ноќта кон недела и во недела наутро повторно ќе има врнежи претежно од дожд.