Потребна е помош за тригодишната Теодора од Охрид.
На само 10 месечна возраст, таа имала инфекција на ушињата и поради ненавремено откривање на инфекцијата го изгубила слухот. Поради тоа што нема напредок од слушни апарати веќе една година, потребна е операција со Кохлеарен имплант. Родителите бараат помош.
Драги пријатели, роднини, познати и непознати ве молиме за помош
Нашата мала ќеркичка Теодора има голема потреба од сите вас добри и хумани луѓе !!
На само една година го изгуби нејзиниот слух и исто така и нејзиното нормално детство ( две години по болници и рехабилитации, но безуспешно ) сега ни се потребни 27 000 евра за да може да се направи операција со КОХЛЕАРЕН ИМПЛАНТ во Македонска приватна болница. Ве молиме на сите кој се во можност да донираат, да го направат истото. Кој не е во можност, доволно е да ја сподели оваа објава и тоа ќе биде од голема помош.
Донации
Зоран Петрески дознака: Донација за Теодора Петрескажиро сметка: 200002342823047
T мобиле 143 128
А1 143 465