Пролетното чистење во Охрид е во полн ек

Општина Охрид отпочна со пролетно чистење и реконструкција на јавното зеленило и јавните површини.

Општина Охрид започна со реализирање на годишната програма за 2018 година за подигање и реконструкција на јавното зеленило на подрачјето.Дел од планираните зафати ги опфаќаат кастрењето на дрворедите и реконструкција на зелените површини, засадување нови садници а дополнително предвидени се санирање на ударни дупки, натамошно расчистување на диви депонии, миење и хоризонтално обележување улици. По неодамнешните вакви активности на булеварот „Асном“, ЈП „Охридски комуналец“ утрово продолжи со кастрење на крошните на дрвјата, сечење на суви дрвја на булеварот „Туристичка“. Екипите се на терен и се надополнуваат дрворедите на двете страни на„Булевар Туристичка„ потег кружен тек кај гимназија до спортската сала „Билјанини Извори“. Изминатава недела „Охридски комуналец“ интервенираше на булеварот .„Асном„ и „Кеј Македонија„ до пресек „Булевар Туристичка“.На овие локации ќе се засадат 70 нови садници од видот јавор и јасен а ќе се продолжи и со садење на цвеќиња и садници односно со целосно хортикултурно уредување и на другите јавни површини.

 

Social profiles