Промоција на третата збирка поезија „Тие доаѓаат“

Во рамки на свеченостите посветени на празникот 7 – ми Ноември,  денеска напладне во големата сала на Општина Охрид се одржа промоција на третата по ред збирка поезија „Тие доаѓаат“ во избор на Славе Ѓорѓо – Димоски.

Книгата е составена од два дела, песни напишани од основци и средношколци. Издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид, а тиражот е 300 примероци.

Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, а лектор проф. д-р Димитар Пандев.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани