Расте бројот на дијабетичари, во Охрид се одбележа меѓународниот ден за борба против дијабет

Расте бројот на дијабетичари и во охридскиот регион, а се намалува старосната граница. Според проценките  повеќе од  5000 луѓе од Охрид се лица заболени од дијабет, а Здружението на дијабетичари во Охрид засега брои 60 тина регистрирани членови. Меѓународниот ден за борба против дијабетот го одбележаа со едукативна работилница на тема „Донирај здравје“ каде беа делени практични совети за граѓаните. Од Здружението велат треба да расте свеста, дијабетот е тивок убиец,  не е ништо срамно и не терба да се крие.

-„Се поголем е бројот на лица кои што имаат дијабет посебно постои проблем што иима стоигма и некои сметаат дека тоа е нешто што треба да се крие ние во текот на овие два дена имаме голем број активности со кои што сакаме и едукативно и превентивно да работиме и да ја подигнеме свеста. 0242 Нашето здружение за среќа веќе има над 60 членови кои што пристапија од лани сакам да кажам дека сепак се работи за луѓе од повозрасната категорија за жал помладите ги нема и сметаме дека треба да поработиме и да стигнеме до нив, вели Димче Каневче од Здружението на дијабетичари Охрид.

На  плоштадот Крушевска Република на штандови ќе се  мери  шеќер во крвта на случајни минувачи, а ќе се одржи и  предавање на тема „Промени во очите“ од др. Виолета Бучкоска.

-„ Ќе имаме мерењр нашеќер  на отворнео со цел да делуваме превентивно кај граѓаните Знчи рандум ке се мери шеќер кај луге кои ке застанат на нашиот штанд каде ке има и лекари специјалисти со кои ќе може да позборуваат за дијабетот а понатаму ке имаме една изложба со цел да дадеме чест на некои членови од нашето здружение кои се занимаваат со нешто на пр фоографија и рачни изработки“, вели Димче Каневче од Здружението на дијабетичари Охрид.

Недостиг на инсулин, игли и ленти за мерење шеќер во крвта се едни од најголемите проблеми со кои се соочуваат дијабетичарите во  земјава и во Охрид. За подобрување на квалитетот на животот на оваа категорија граѓани им недостигаат и анимации,  дружење, ивенти и едукација.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани