На 10 октомври, во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од 57-годишен охриѓанец. Настанот бил пријавен во 18:30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. На местото пристигнале полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.
