На 12-ти месецов, Советот на општина Струга ќе ја одржи осмата седница.
На претстојната осма седница на струшкиот Совет, советниците, меѓу другите точки, ќе дискутираат по предлог-одлуката за основање на Јавното Претпријатие за јавни паркиралишта. Осмата седница на Советот на Општина Струга, ќе се одржи на дванаесетти овој месец во 10 часот. Дури 48 точки се предвидени на дневниот ред, меѓу кои предлог – Буџетскиот календар на општина Струга за 2019 година, извештаите за реализација на програмата за работа на Советот на општина Струга и за реализација на програмата за социјална заштита на општина Струга за 2017 година, извештаи за активностите на општина Струга во областа на заштитата и спасувањето и справување со кризи за 2017 година, за работата на центарот за југозападен плански регион за 2017 година, за работа на ЈП „Комунално“ – Струга Квартал III/2017, за минатогодишниот финансиски извештај на МЈП „Проаква“ – Струга но и по минатогодишните сметки на основните и средните училишта во општината. Пред советниците се и точки по предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесени од основниот суд во Струга како и од повеќе физички лица, потоа, предлог – одлука за времен режим на сообраќај на улици во град Струга, предлог програма за изградба на спортска сала од 1500 м2,за воспоставување на регионално управувње со отпад и предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈП „Комунално„ – Струга.
