Охрид, денеска е домаќин на јавните комунални претпријатија од Македонија.
Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија – АДКОМ, денеска ќе го одржи своето Годишно Собрание. Традиционално, на Годишното Собрание што ќе се одржи во хотелот „Гранит“, ќе учествуваат сите комунални претпријатија во Република Македонија, претставници на ресорните Министерства, Регулаторната комисија за енергетика, Државниот инспекторат за животна средина и донаторската заедница.
-Имајќи ги во предвид определбите на Владата за реформи во комуналниот сектор со цел да се подобри квалитетот на услугите и да се зголеми ефикасноста во работењето на ЈКП, предвидени се и панел сесии на кои ќе се дискутира за актуелните проблеми и предизвици кои ги имаат јавните комунални претпријатија, истакнуваат од Здружението.
