Струга доби 10 садови за селекција на пластичен и алуминиумски отпад.
Граѓанската иницијатива „Доста“ ја информираше јавноста за реалзицаијата на еден значаен проект за нашиот град, пишува strugaonline.mk..„Финансиски подржани од Фондација отворено општество Скопје работевме на проект со кој на град Струга и ЈКП Струга ќе донираме 10 садови за селекција на пластичен и алуминиумски отпад и околу 4.300,00 пластични кеси со капацитет од 120 литри. Десетте садови за селекција на отпад се веќе поставени на локации низ градот, а дел од нив ќе бидат поставени во училиштата СОУ Нико Нестор и Ибрахим Темо, и ОУ Браќа Миладиновци и Јосип Броз Тито. Училиштата преку соодветна селекција на отпадот и негово рециклирање ќе можат да генериират средства кои потоа би се искористиле во нормалното работење на училиштата. Во наредниот период со месечната сметка за комунални услуги домаќинствата во град Струга ќе добијат по една пластична кеса во која ќе се селектира пластичен отпад. Со реализацијата на овој проект испраќаме две многу важни пораки: 1. Општината да овозможи соодветна инфраструктура за примарна и секундарна селекција на отпад; 2. Зголемување на свеста кај граѓаните за селекција и рециклирање на отпад.“ – велат од „Доста“. Од таму апелираат до граѓаните садовите да бидат соодветно одржувани и во нив да се одлага соодветен отпад и замолуваат домаќинствата соодветно да ги користат пластичните ќеси и во нив да го одлагаат само пластичниот отпад.Имаме прилика да промениме нешто во Општината и таа промена треба да дојде од секој граѓанин.-потенцира граѓанската иницијатива. Граѓанската иницијатива „Доста“ изрази благодарност до сите кои несебично и доброволно издвоија голем дел од своето слободно време со цел реализација на овој проект.