Стружани на голем протест во недела

И стружани на голем протест во недела. 

-„Во сите случаи кога била доведена во понижена и загрозена ситуацијата и соживотот во нашата татковина, ние сме излегувале и сме укажувале преку разни начини и методи.

Една од тие ситуации беше кога во 2004та година се носеше неправедниот и противнароден закон за територијална реорганизација каде излеговме масовно, надпартиски и сплотени како едно и цврсто и јасно застанавме на страната на правдата и ги изразивме нашите ставови, каде што уште тогаш нагласувавме дека со тоа ќе дојде само до уште поголема меѓуетничка, но и меѓуграѓанска поделба која сега сите појасно ја гледаме и се соочуваме. Во 2013та година, после иницијативата од наша страна за поставување на јарбол со нашето државно знаме, и покрај бесправните препреките и заканите од одредени институции, и тогаш излеговме исто како во 2004та година.

Сметаме дека сегашнава ситуација е уште потешка од овие предходно, бидејќи сега е загрозен целиот интегритет, суверенитет и унитарност на нашата држава, достоинството, меѓуетничкиот и општиот соживот. Притоа ние, како поголема група на граѓани, се соглсивме да излеземе повторно како и предходно, уште еднаш со масовен, народен и семакедонски собир преку кој јасно и децидно ќе застанеме во одбрана на истите. Затоа ги известуваме сите граѓани, сите медиуми и државни институци дека на 25ти март 2018та година, ден Недела, во 14часот, ќе одржиме јавен и мирен собир на магистралниот пат Охрид-Струга кај раскрсницата со с.Мислешево, односно каде што е поставен 25метарскиот јарбол со нашето знаме. На настанот се најавени дека ќе одржат говори одредени личности, меѓу кои некои се јавни и истакнати интелектуалци од државата. Вклучително, овој настан е примерно пријавен до внатрешните органи на државата“ стои во соопштението од  група на граѓани од Струга и околните населени места.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани