Тешка кражба е извршена ноќеска во наплатен центар на ЕВН во Струга.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, тешката кражба е извршена во временскиот период од 23 часот синоќа до 06 часот утрово. Димоски вели дека засега непознати сторители влегле насилно во трговски коплекс на кеј „8 септември“ покрај реката Црни Дрим и успеале да го земат сефот од наплатниот пункт на ЕВН. Портпаролот нагласи дека екипи на полициската станица од Струга извршиле увид на местото на настанот и дека работаат на расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителите. Димоски не прецизира дали и колку пари имало во сефот, најави дополнителни информации во текот на утрешниот ден.
