Уапсен жител на Радолишта за „убиство во обид“

Вчера  во 10 20 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во Р.Македонија од страна на полициски службеник бил лишен од слобода 37 годишниот  М.Г од с.Радолишта-струшко.

 Тој бил упасен бидејки  при проверка во оперативна евиденција  се барал по телеграма од МВР-Одделението за потраги и телеграма од СВР Охрид, со мерка „лиши од слобода“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“ по чл.123 в.в. чл.19 од КЗ на РМ. Лицето со потврда за предавање на лице било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка, информираат од МВР. 

Social profiles