Денот на пролетта -21 март беше дочекан со голема радост од нашите ученици, во училиштето „Григор Прличев“ се реализираа интегрирани часови со еколошки содржини, а дел од учениците со секциите спроведоа и еколошки акции.
Имено, учениците од одделенска насава од подрачното училиште „Григор Прличев“ во Населба Рача заедно со учителките: Виолета Кафтан, Наташа Маркоска, Мирјана Христовска, Марија Стојоска и Ружица Размоска традиционално го посетија посетија Благовештенскиот манастир. Учениците уживаа во прекрасната природа, засадија садници со очиња во дворот на манастирот и беа одлично пречекани од домаќините. И покрај дождливото време сепак ја продолжија традицијата.