Улични менувачи на девизи со години во среде центар во Охрид

Со години во строгиот центар на Охрид пред очите на целата јавност илегално, но јавно без нималку страв и криење  си работат улични менувачи на девизи.

Најчесто стојат на раскрсницата кај градскикот пазар. Парите ги држат во раце секој може да ги види. Подвикнуваат евро, долар! 

До­вол­но е са­мо да за­ста­не­те со автомобилот и без многу муабет, без до­ку­мен­ти или лич­ни кар­ти да разменете девизи. Но, це­ла­та од­го­вор­ност па­ѓа на ва­ши­от грб, а исто та­ка и ри­зи­кот што го пре­зе­ма­те, би­деј­ќи ни­кој не ви га­ран­ти­ра де­ка не ста­ну­ва збор за фал­си­фи­ку­ва­ни па­ри или ка­ква би­ло дру­га из­ма­ма. А бидејќи тие работат на „црно“ нема ни каде да се пожалите доколку сте изманипулирани. 

Нив­ната  цел­на гру­па најчесто се  стран­ски­те ту­ри­сти, кои недоволно информирани мислат дека само  разменуваат пари. 

Сопс­тве­ни­ци­те на ли­цен­ци­ра­ни ме­ну­вач­ни­ци ве­лат де­ка ди­ви­те ди­ле­ри на па­ри прет­ста­ву­ва­ат ди­рект­на за­ка­на за нив­ни­от ле­га­лен биз­нис. Тие се изложени на безброј давачки и даноци кон државата, а уличните менувачи не плаќаат ништо. 

Се прашуваме зошто никој не реагира на оваа нелегална појава?

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани