Владата на денешната редовна седница ја усвои точката со која се создаваат услови за продолжување и конечно завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид, проект започнат во 2015 година.
Министерството за спорт по преземањето на надлежностите извршило анализа и ревизија на проектот, при што биле утврдени технички, финансиски и административни пречки кои со години го одложувале неговото завршување. Како дел од решавањето на проблемите предвидена е и измена на основниот проект.
За целосно завршување на базенот се обезбедени 470 милиони денари.
Од Владата посочуваат дека реализацијата на проектот ќе обезбеди современи услови за тренинг на пливачите, развој на младите категории и организирање натпревари, како и дополнително унапредување на спортската инфраструктура во Охрид.
