Во недела Струга бира локална власт

Во 35 општини ќе се гласа во вториот круг од локалните избори на 29 октомври (недела).

Во регионот се избира локалната власт во Струга и Дебар. 

Стружани ќе избираат помеѓу двајца поранешни градоначалници. 

Зиадин Села- Алијанса за Албанците кој во првиот круг освои 9.289 гласови и Рамис Мерко – ДУИ, кој во првиот круг освои 7.916 гласови. 

Ќе се гласа и во  Дебар:

Ружди Љата – ДУИ (3.419)

Арбен Аголи – Алијанса за Албанците (2.597)

 Инаку на полноќ завршува изборната кампања за вториот круг од Локалните избори и почнува молкот пред гласањето во недела. Гласањето в недела, на 29 октомври, почнува во седум и ќе трае до 19 часот. Локалните избори ќе се спроведат во 35 општини на 1.517 избирачки места каде право на глас имаат 833.710 глаѓани. Во вториот круг учествуваат 70 кандидати за градоначалници.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани