18 годишно момче, во Струга било нападнато од врсник и со тупаница го повредил.
Вчера околу 13 часот, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга случено е нарушувањето на јавниот ред и мир и физички напад од страна на А.А.(18) од струшкото село Радолишта врз С.Б.(18) од Струга.Во нарушувањето, А.А. со тупаница го удрил С.Б.во пределот на носот кој се здобил со телесни повреди констатирани во општата болница во Струга. По насоки од надлеженото Јавно обвинителство, вчера во полициската станица во Струга е повикан А.А. по што против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.