Во Вевчани започнува карневалското лудило

Во снежното Вевчани  започнува карневалското лудило. Се чекаат  звуците на зурлите и тапаните – кои утре ќе го означат долгоочекуваното дефиле.

Со првите тонови ќе се развиори Василичарското оро и ќе продолжи вековната традиција што го прави Вевчани посебно.

-Веќе утре влегуваме во маскенбалот. Почнувајки со поворката на Василичари што почнува од почетокот на Вевчани до центарот.  Како и секоја година, Вевчани е подготвено и со отворено срце и полна душа  ги очекува сите добронамерници кои сакаат убаво да си поминат., вели Спасе Кооски градоначалник на општина Вевчани.

Во овие денови, Вевчани  наликува на слободен театар без граници – исполнет со хумор и  сатира. Маските се подготвени, но  далеку од очите на јавноста.

-За нас претставува светост.  Еден обичај под маски, една традиција што се негува векови, претставува една едно богатство кое што вевчанецот го чува како нешто свое, го презентира во најдобра смисла пред пошироката јавност, .вели Сашо Бетоски василичар.

Годинава на Вевчанскиот карневал присуствува музичка група од Белгија, кои веќе се воодушевени од вековните уникатни обреди.

-Истражувавме  за карневалите ширум светот и дознавме дека Вевчанскиот е еден од најстарите карневали во Европа и во светот. И еве не  уживаме со длабоки чувства 0040 Почестени сме да го почуствуваме благодетот на овој вековен карневал. За нас е навистина чест , вели Енрике Новиеле музичар од Белгија.

Традиција, сатира и слобода. Вевчани ги брои последните часови до карневалската забава, а  до утрешното дефиле маските се чуваат во стрга тајност, далеку од очите на љубопитните псоетители.

Новинар: Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани