При пад од лифт во изградба животот го загуби младиот фотограф Кристијан Љушев

На 28-годишна возраст, во трагичен настан што денеска се случи во станбен објект во изградба во Охрид, животот го загуби младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев.

Момчето вработено во познатата „Шпанец продукција“  според првичните информации денеска попладнето паднало од петти кат во окно од лифт во изградба.

Љушев беше препознатливо име меѓу младите визуелни автори во земјава. Неговиот професионален ангажман опфаќаше широк спектар на проекти – од комерцијални видеа и музички спотови, до документарни и интернационални продукции. Оствари соработки со бројни музичари и уметници, меѓу кои Александар Јосифоски, Мартин Милески, Влатко Броз, Марама и други.

Посебно беше посветен на визуелното документирање на културните и традиционалните настани во Охрид и поширокиот регион, а неговиот творечки печат е присутен и во повеќе проекти поврзани со Бигорскиот манастир.

Веста за неговата прерана смрт предизвика силни реакции во јавноста. Колеги, пријатели и соработници се простуваат од Кристијан Љушев, изразувајќи длабока тага и неверување поради трагичната загуба.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани