Ручек и кафе во угостителксите локали во Охрид луксуз. Скапи менија и превисоки сметки. Цените растат. Според официјалната статистика во периодот од јануари до декември лани растот изнесува дури 4,8 проценти.
Додека граѓаните негодуваат, дел од туристичките работници велат Охрид треба да биде скап и ексклузивен.
-„Во Охрид треба да се развива скап туризам, каде што нема да може секој да дојде, а оние што ќе дојдат – ќе треба и да платат. Оваа убавина што ја имаме овде ја нема никаде во светот. Треба да доаѓаат млади луѓе, но во помал број и финансиски помоќни“, вели Наум Мато, туристички работник.
Од друга страна за високи цени потребен е поквалитетна понуда. Се подобруваат условите во приватното сместување но недостигаат современи хотелски капацитети.
-Во споредба со пред 5 до 10 години таа бројка е зголемена бидејки тогаш рпосекот беше од 2000 до 2100 а сега веќе се 3000 кои што работаат нормално легално согласно законите, вели Ѓоко Апостолов раководител на Сектор за туризам.
-Треба да се изработи детален урбанистички план и да се ддае на инвестироти верувам ке бидат голем број домашни инвеститори, што не се за потценување и да се изградат нови хотели модерни хотели како би биле конкурентни со сите понови дестинации кои се околу нас, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Туризмолозите оценуваат растот на цените во угостителството е резултат на зголемените трошоци за енергенси, суровини и работна сила, но и на општата инфлација, која го притиска секторот.
Новинар: Соња Рилковска
