Вработена во шумското „Галичица“, во охридската полиција лажно пријавила кривично дело.
Е.Б.(56) од Охрид, вработената во претпријатието за стопанисување со шуми „Галичица“, казненото дело го сторила на 12-ти минатиот месец кога, во СВР Охрид, против непознати лица вработени во претпријатието пријавила казнено дело „фалсификување или уништување на деловни книги“. Според наводите во нејзината пријава, непознатите лица и направиле измени во работен налог за плата за јануари 2018 година.По преземени мерки, полициските инспектори недвосмислено утврдиле дека, сега пријавената Е.Б. лично го изготвила и потпишала работниот налог и на втори минатиот месец го предала на директорката на претпријатието.
-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лажно пријавување на кривично дело”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Б од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.