Втор студент на медицина со стипендија од Арнаудови

ДамјанТанески е вториот студент по медицина кого почитуваното семејство Арнаудови парично го награди за покажани врвни резултати по предметот анатомија.

Дамјан е студент на медицинскиот факултет при Универзитетот „ Св Кирил и Методиј “- Скопје кој покрај по анатомија добива највисоки оцени и по останатите предмети.
Идејата на семејството Арнаудови е да ги поддржи охридските студенти по медицина без разлика на кој универзитет студираат. Истовремено и да ги поттикне сите општествено одговорни стопанственици од Охрид во рамки на своите можности да ги помагаат нашите идни академски граѓани независно на кое поле ќе се стекнат со вискоко образование.


Михајло Арнаудов кажува од каде потекнува идејата за доделување на стипендијата и се навраќа на споменот на неговиот дедо Благој кој во далечната 1923 година заминал на студии по медицина на престижниот минхенски универзитет Лудвиг Максимилијан, без претходно познавање на германскиот јазик, но покажал врвно знаење . Д-р Благој Арнаудов во 1927 година по завршување на студиите по медицина во Минхен се враќа во родниот град и се посветува на својата професија лекувајќи ги своите сограѓани.


„ Ова е чин на нашата фамилија за зачувување на името и делото на мојот дедо д-р Благој Арнаудов. Воедно наша желба е да прерасне во една фондација која ќе им помага и ќе ги стипендира студентите по медицина по завршуавње на студиите да се вратат и работат во Охрид“ , вели Михајло Арнаудов.

Д-р Благој Арнаудов е еден од првите лекари во Охрид од 20те години на минатиот век, а од тој период е еден од основоположниците на здравствената установа Маларична во Охрид.


Намерата на семејството Арнаудови е стипендијата да прерасне во Фондација „ Д-р Благој Арнаудов “. За таа цел, на почетокот на наредната студиска година, ќе биде објавен конкурс од кој сите студенти ќе можат подетално да се информираат со условите за аплицирање на истиот.

Social profiles