Запленети парфеми на царинска испостава Струга

468 парфеми, 220 лосиони, 18 рачни торби и 2 комплети несесери со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на стока со потекла од Соединетите американски држави, наменети за увозник од Скопје, пријавени за увозно царинење во царинската испостава Струга.

Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност. Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 750 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали.

Social profiles