Ј.П.„Охридски Комуналец„ вчера симболично го одбележа првиот ден на пролетта со засадување на декоративни дрвја од видот црвена слива (prunus cerasifera).
Засадени се вкупно 50 садници на следните локации: покрај пешачката патека пред х.Палас, на влезот во Охрид кај сообраќајната клучка и покрај новоизградената патека кај каналот Студенчишта.

Овие дрвја имаат атрактивен изглед и имаат средна висина на раст. Во почетокот на април создаваат крошна целосно прекриена само со цветови во розова боја, а потоа по паѓањето на цветовите се формира крошна од листови со темно црвена боја. Погодна е за климатските услови во охридскиот крај и отпорна на ниски температури.
