Засилено да се работи на спроведување на препораките на Унеско

Охрид мора засилено да работи на зачувување на статусот на УНЕСКО.  Недоволната грижа за културното наследство е една од клучните  забелешки. Експертите велат препораките наместо  да се спроведуваат на терен останаа запишани на хартија.

Со масовната урбанизација драстично е нарушена панорамата на градот.

– Контрола на она што се гради, верувајте има поборници кои викаат мораториум на градба не е тоа решение. Одма ви кажувам најодговорно мораториумот на градба ќе даде уште поголеми проблеми. Решението е контролирана градба. Дајте од документи да излеземе на терен да покажеме дека сакаме  ,  , вели  Сашо Коруноски професор по културно наследство.

Експертите велат  мора да се изнајде начин за развој на одржлив туризам бидејки масовниот прави штети на културното наследство.

– Управувањето е клуч на успехот поготово дека се работи и за прекугранично управување и од страна на Македонија и Албанија. Друг аспект е дека Охрид е жив град со развиен туризам кој сепак го загрозуваат наследството. Изнаоѓање на можности креирање на одржлив туризам е клучен за Охрид вели  Ренд Епик  архитект.

УНЕСКО пред две недели ги разгледа  извештаите од мисијата од минатата година и повторно  се разгледува прашањето Охрид дали да  се најде на листата на загрозени подрачја. Одлуката ќе се носи на состанок во средината на 2025.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани