Во Охрид уапсен скопјанец кој се барал за доиздржување казна затвор

Во Охрид полицијата уапси скопјанец за доиздржување казна затвор.

На 29.03.2023 година во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.С.(46) од Скопје. За него била распишана централна потерница врз основа на  наредба од Казнено-поправната установа „Затвор-Скопје“, со која се барал за доиздржување на казна затвор. Тој е спроведен во казнено-поправната установа на доиздржување на затворската казна, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани