Македонското книжено наследство, разграбено од црковните библиотеки низ вековите, кое денес се чува во туѓи земји, објавено во два тома на книгата „Словенски ракописи од Македонија во странски ракописни збирки од 10 до 19 век“ на академик Ѓорѓи Поп Атанасов. Тој во текот на 30 годинишната научно истражувачка дејност успеа да направи опис на 814 ракописи кои потекнуваат од земјава, а ги однеле странски колекционери.
Најголемиот дел од нив денес се чуваат во архивите и музеите на Русија, Бугарија, Србија, Хрватска. Меѓу нив се највредните и најзначајните словенски ракописи. Богатото ракописно наследство кое низ вековите е уништено и оттуѓено, сведочи за македонската писмена традиција.
-Ова е претставување на македонското книжевно наследство кое се чувало во библиотеките на манастирите и црквите а денес е во странски земји оттуѓено. Ова македонско книжевно наследство е поврзано со Кирилометодиевската традиција, со Охридската книжевна школа, со Свети Климентовата црква со дејноста на Климент и Наум. Исто така и со времето на Цар Самоил затоа што сите стари македонски глаголички ракописи се настанати во времето на царот Самоил“, вели академик Ѓорѓи Поп Атанасов.
Христијанизацијата и писменоста потекнува од Охридската книжевна школа. Според Поп Атанасов и Русија е христијанизирана од Царот Самоил. Најстарите книги таму се пишувани врз основа на антиграфи од Охридската книжевна школа.
-Писменоста ја примиле од Охридската книжевна школа Тој им испратил епископи, свештенство монаси дури и книжевници кои ги учеле таму како да прават црковни книги Тоа е цела ументост треба да правиш кватерлјони да ги редиш, да ги подврзуваш Испратиле псалти ги учеле како се пеат црковните песни како да го реализираат богослужението црковно“, додава академик Атанасов.
Голем број странски колекционери во 19 век ги однеле вредните македонски ракописи од црквите и манастирите. Пораката на научната фела за трајна заштита на ракописното наследство од заборав е дигитализација на манастирските библиотечни фондови во земјава.
Новинар Соња Рилковска