Во Вевчани денеска започна националната еколошка акција „Генералка Викенд“, во која Општина Вевчани традиционално учествува со повеќе локални институции и активисти.
Како што информира градоначалникот Спасе Кочовски, во денешната акција биле вклучени претставници од Општина Вевчани, ЈП „Еремија“, ООУ „Страшо Пинџур“ и детската градинка „Планински Цвет“.
Се чистеле повеќе локации, меѓу кои потегот од Порта Вевчани до влезот на селото, околината на градинката и училиштето, централното подрачје, како и патот до Вевчански Извори.
Од Општината најавуваат дека акцијата продолжува и утре со учество на КУД „Дримкол“, Пансион „Кутмичевица“ и пријавени активисти.
„Да го чуваме Вевчани чисто, зелено и убаво за сите генерации“, порача Кочовски.






