Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска во Веспрем потпиша Договор за збратимување со градоначалникот Ѓула Порга, со што, како што посочи, се отвора ново поглавје во соработката меѓу двата града.
Според Пецаков, договорот претставува платформа за конкретна соработка во повеќе области, меѓу кои културата, туризмот, образованието, спортот и дигитализацијата.
„Убеден сум дека размената на искуства и европски практики ќе донесе видливи придобивки. Охрид продолжува да се етаблира како отворен, европски град кој гради силни и долгорочни партнерства“, напиша Пецаков на социјалните мрежи.
Тој додаде дека локалната самоуправа продолжува со посветена работа за, како што наведе, „поубав и попросперитетен Охрид“.

