Општина Охрид објави јавен повик за избор на членови во управни и надзорни одбори

Општина Охрид објави Јавен повик бр. 01/2026 за пројавување интерес за пријавување кандидати за избор на членови на управни одбори и надзорни одбори за контрола на материјално-финансиското работење на јавните претпријатија основани од Советот на Општина Охрид.

Повикот е објавен согласно Законот за јавни претпријатија и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавите, како и критериумите за бодирање и селекција на кандидатите.

Од Општина Охрид информираат дека заинтересираните кандидати можат да ја преземат потребната документација и пријавата преку официјалната веб-страница на општината.

„Кандидатите треба да поседуваат високо образование, работно искуство и да ги исполнуваат условите согласно Законот за јавни претпријатија и Статутот на јавното претпријатие“, се наведува во јавниот повик.

Во објавата дополнително стои дека „пријавите со потребната документација се доставуваат во архивата на Општина Охрид во рок утврден со јавниот повик, а ненавремено доставените и некомплетни пријави нема да бидат разгледувани“.

Повеќе информации и формуларот за пријавување се достапни на официјалната веб-страница на Општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани