Промовирана збирката песни за возрасни „Враќање од иднината“

На 12 септември, во рамките на програмата на манифестацијата Вевчанско  културно лето – Вевкул 2023, беше промовирана збирката песни за возрасни „Враќање од иднината“ од писателот Анастас Ќушкоски. Но, она што посебно заслужува внимание е фактот дека промоцијата се одржа во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани, во кое учел и завршил авторот пред седумдесетина години, а истото тоа се однесуваи на промоторите писателите Мишо Китаноски и Верица Мукоска. Свеченоста беше збогатена со честитката која авторите им ја искажаа на учениците, посакувајќи им среќен почеток во новата учебна  2023/ 24 година и постигнување на уште подобри резултати во учењето..
Во својата реч промоторот Мишо Китаноски истакна дека Анастас – Наце Ќушкоски, во македонската литература се пројави пред седудесетина години како ученик во вевчанското училиште и за сите изминат години тој напиша и објави оклу триесетина книги од публицистиката, поезијата ( дури осум книги ), книги со негови драмски текстови, кои се играа на реертоарот од Вевчанскиот патувачки театар„Поклони се и падни), публикации за минатото на родното Вевчани идр. Во оваа своја нова книга, тој на многу својствен начин пее за она што на поетот му се случило во ииднината ( футуролошки препознатливо сеќавање ), за да поентира во песните дека иднината колку што не изненадува, толку и не возбудува, само чека самите ние да ја откриеме ( сега и тука ) и за човековата вечност.
Втората промоторка писателката Верица Мукоска, пак, ја истакнува филозовската мисла на авторот, којшто во своите песни е исправен пред правилото: клку што е возбудлива сегашноста исто толку, ако не и повеќе, возбудлива е иднината, во која се нурнува во своите песни авторот, писателот Анастас Ќушкоски.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани