Три нарушувања на јавниот ред и мир во Струга

Три нарушувања на јавниот ред и мир во Струга.

На 02.06.2023 година во 22.35 часот, на улицата „Едвард Кардељ“ во Струга нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување од М.Ш.(42) кон К.М.(41), двајцата од Струга. М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.06.2023 година околу 20 часот, на улицата „Ристо Крле“ во Струга нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување од Љ.А.кон В.Г.(38), двајцата од Струга. Притоа, Љ.А. со тврд предмет го нападнал В.Г. и неговото куче-домашен миленик. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.06.2023 година во 17.10 часот, во ОВР Струга приведен е Н.М.(44) од струшкото село Радолишта. Тој претходно, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани