Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е учесник на Expo tourism -интернационален саем за туризам во Тирана.
Заедно со општина Струга од 6ти до 8ми април ги промовираат туристичките потенцијали на охридско –струшкиот регион и новите концепти на туристичка понуда во државава.
-Овој саем е еден од најважните настани на регионалниот туризам, кој има за цел да ја охрабри соработката и промоцијата на туристичките дестинации преку трговија, конференции и B2B средби. Учесниците од различни земји го прикажуваат својот туристички потенцијал во различни категории, како што се: дестинации, сместување, агенции, поморски туризам, планински туризам, гастрономија итн, информираат од Агенцијата за туризам.

