Пецаков: Се решава проблемот со загадувањето на Охридското Езеро

Општина Охрид работи на спроведување на препораките на УНЕСКО. Се решава проблемот со загадувањето на Охридското Езеро. Во завршна фаза е пренасочувањето на реката Сатеска, која што се смета за еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро. Спред досегашните анализи на квалитеттот на водата од страна на Центарот за јавно здравје водата е најзагадена на вливот од Сатеска. Проектот за враќање на реката во старото корито, нејзино  пренасочување таа да се влева во Црн Дрим е комплетно изработен.

-„Една од акпектите е реката сатеска, веќе е завршено пренасочувањето, останува уште да отпочне префрлањето на реката во старото корито и дирекно влевање во реката Дрим со што би се решил еден многу голем проблем“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Друг проблем во однос на загадувањето на Охридското Езеро е колекторот, односно непокриеноста  со канализација. Градоначалникот Пецаков вели изработен е проектот за изградба на примарна и секундарна фекална канализација и пречистителна станица кај село Трпејца.

-„Завршен е тој проект со премер пресметка со сето тоа колку би чинело, во која фаза би се одвивала. Го презентиравме пред сите амабасадори членки на ЕУ . Тој проект е спремен за аплицирање со тоа што ако јас до крајот на годината не најдам фонд или грантови, или кредити од Светска европска банка, тогаш ќе отпочнам на почетокот од идната година сам да ја изградам првично фекалната канализациона мрежа понатаму за секундарната и пречистителната станица има посебни фондови каде што ќе може поединечно да ги аплицираме“, додава Пецаков.

Комплетно заврши и спроведувањето на третата препорака од Унеско, а тоа е канализациона мрежа во Долно и Горно Лакочереј. Обезбедени се и одобренија за градба и финансии заедно со министерството за животна средина.
До крајот на годинава ќе отпочне и проект за изградба на пречистителна станица во Љубаништа. Со сите овие проекти ќе заврши заштитата на Охридското Езеро од аспект на загадување согласно препораките на Унеско.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани