ФОТО+ Видео: Протест во знак на поддршка на Партениј за Митрополит

Стотици верници вечерва на охридскиот плоштад  одржаа мирен протест. Со пароли Епископ Партениј ЗА Митрополит !! ,Народот избра гласот што не го броите верниците го изразија својот револт. Велат., особено е погодена Дебарско-кичевската епархија, бидејки народот  Епископот Антаниски г. Партенијго доживува   како свој духовен водач. При изборот на новиот митрополит  бараат да се слушне и нивниот глас.

-, Поголема група на верници не само од Охрид туку и од Битола Кичево Mакедонски брод и Струга сметаат и се сигурни дека прваиот избор е во ликот и делото на епископот Партениј. Се она што тој го напрваил не за стотици за илјадници луѓе не само во нашата епархија повторувам лицето на Синодот треба да го види и признае. Сметаме дека епископот Партениј мора да биде земен во предвид за интронизирање на торнот на Дебарско кичевската епархија , вели  Петар Воиновиќ верник.

– Собрани сме да изразиме револт на одлуката да биде поставен за Митрополит на Дебарско кичевската епархија лице кое само неколку дена е во монаштвото а од друга страна се запоставува енкој кој 30 години активно работи и ја ора нивата Христова и ги збира верниците околу себе и не задржува сите нас околу него на еден начин заради него сме тука. Да останеме во оваа држава и да направиме нешто повеќе, вели  Станое Станоевски   верник.

Ист ваков, многу поброен протест е најавен за утре во 12 часот во Скопје. Бараат, да се слушне нивниот глас, да се избере кандидатот, кому сосема природно му е да го наследи митрополитскиот трон, поаѓајќи од фактот дека тој и беше заменик на упокоениот владика Тимотеј.

Порачуваат дека Црквата не е мртва институција, туку таа многу повеќе од се’ е народот, кој ги полни храмовите во цела Македонија. Особено тоа се однесува на храмовите и духовниот живот во Дебарско-кичевската епархија, која е нераскинливо поврзана со делото на викарниот владика Партениј.

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани