76-годишен охриѓанец приведен по семејно насилство и пукање во воздух

76-годишен охриѓанец бил лишен од слобода откако претходно во семејниот дом физички нападнал член на неговото семејство, а потоа испукал два куршуми во воздух од пиштол.

Случајот се случил на 5 октомври, а во 19:15 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.С.

При увид и претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полицијата го пронашла и одзела пиштолот.

По целосното расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани