Пожар во камп-приколка на охридското крајбрежје, двајца повредени

Пожар избувнал во камп-приколка во авто-камп на крајбрежјето на Охридското Езеро. Случајот во СВР Охрид бил пријавен на 4 октомври во 22:35 часот.

Камп-приколката била сопственост на 44-годишниот З.К. од Скопје. При обид за гаснење со противпожарни апарати, со повреди се здобиле З.К. од Охрид и 32-годишниот И.Ж. од Битола, кои биле пренесени во Општата болница во Охрид.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршиле полициски екипи. По целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани